Отпремнина од 30.000 евра во Телеком

Bez autora
Jul 16 2013

Најголемите телекомуникациски компании во земјава, „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ планираат да го намалат бројот на вработените преку програма за доброволен прекин на работниот однос. Со програмата се предвидува исплата на отпремнина чија максимална сума може да изнесува околу 30.000 евра, а крајниот износ во најголем дел ќе зависи од работниот стаж во компанијата и од возраста, како и од тоа дали имаат право на други дополнителни финансиски бенефиции. Програмата, која е подготвена во соработка со синдикатот на компанијата е веќе доставена до сите 2.100 вработени, а тие што ќе сакаат да си заминат имаат рок од 60 дена да се пријават. Менаџментот ќе го има крајниот збор за тоа кои вработени ќе може да си заминат во зависност од тоа колку нивните квалификации и способности се потребни за компанијата.

Отпремнина од 30.000 евра во ТелекомНајголемите телекомуникациски компании во земјава, „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ планираат да го намалат бројот на вработените преку програма за доброволен прекин на работниот однос.

Со програмата се предвидува исплата на отпремнина чија максимална сума може да изнесува околу 30.000 евра, а крајниот износ во најголем дел ќе зависи од работниот стаж во компанијата и од возраста, како и од тоа дали имаат право на други дополнителни финансиски бенефиции. Програмата, која е подготвена во соработка со синдикатот на компанијата е веќе доставена до сите 2.100 вработени, а тие што ќе сакаат да си заминат имаат рок од 60 дена да се пријават. Менаџментот ќе го има крајниот збор за тоа кои вработени ќе може да си заминат во зависност од тоа колку нивните квалификации и способности се потребни за компанијата.

На последниот состанок на Одборот на директори на телекомот, одржан во минатиот четврток, се донесени две одлуки, за промена на организациската структура и за програма за доброволен престанок на работниот однос на вработените во двете компании.

- Овие промени се последица на силното конкурентно опкружување и на брзата динамика на пазарните движења, кои предизвикуваат негативни трендови. Новата организација е во насока на изградба на ефикасна компанија, која ќе го задржи лидерското место на пазарот, според новите правила и услови. Дел од промените е и зголемувањето на ефикасноста, како и преструктурирање и оптимизација на човечките ресурси - вели Димитар Kовачевски, извршен директор за комуникации во „Македонски телеком“.

Тој потенцира дека за вработените што ќе си заминат ќе нема какво и да било ограничување или забрана за вработување во конкурентска компанија.

- Отпремнината од 30.000 евра е добра можност за премин кон друго вработување или да се истурка времето до пензија. Според нашите пресметки, тоа се 90 македонски просечни плати или со нив може да се покријат седумгодишни примања. Ова е најповолната програма за доброволен прекин на работниот однос во Македонија досега. Промените што следуваат ќе придонесат за изградба на уште поефективна компанија, која успешно ќе одговори на новите бизнис-предизвици, што ќе води кон развој на нови и подобри услуги и зголемено задоволство на корисниците - вели Kовачевски.

Според првичните процени, во компанијата очекуваат дека ќе добијат околу 300 барања за доброволно заминување. И раководството и синдикатот посочуваат дека ова е првпат да се понуди ваква висока сума за отпремнина.

- Програмата е во основа добра, доброволна и секој што смета дека му одговара може да одлучи да достави барање. Нема никаков притисок, нема таргетирана група и секој може да побара да ја напушти компанијата доброволно - истакна Јордан Сандев, претседател на синдикатот.

Во „Македонски телеком“ од 2001 година, кога компанијата беше преземена од „Маѓар телеком“, односно од „Дојче телеком“ досега се спроведоа неколку програми за намалување на бројот на вработените со исплата на атрактивни финансиски пакети или со префрлање во други фирми во кои им е загарантиран работниот однос и плата. Истовремено, постојано вработуваат нови високообразовани кадри во зависност од потребите за воведување нови технологии и услуги.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik